×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лекарите предупредуваат: Внимавајте, грипот се шири!

    22.01.2013 15:20 | KumanovoNews

     Лекарите од Одделението за епидемиолошка дејност при Центарот за јавно здравје Куманово, најавуваат дека во наредниот период се очекува зголемување на заболените од грип.

    Лекарите предупредуваат: Внимавајте, грипот се шири!

    Заклучно со 20 јануари во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце, регистрирани се 97 заболени и во однос на истиот период од минатата година не се бележи значително зголемување.

    Од страна на Инфективното одделение досега се пријавени 7 случаи на грип од кои едно лице е хоспитализирано, бидејќи се работи хроничен болен пациент, кој е во стабилна општа состојба. Земени се 12 бриса од нос и грло за лабораториска потврда на грип и испратени во ИЈЗ Скопје, но само во два случаи добиен е позитивен наод на инфлуенза А (H1N1)- вели Јадранка Стаменковска, раководител на одделение за епидемиолошка дејност.

     Од Центарот за јавно здравје велат дека до матичните лекари доставиле известување за постапување на пациентите со симптоми на грип. По препорака на Министерството за здравство во здравствените домови и Општа болница обезбедиле дезинфекциони средства, опрема за лична заштита и лекот Тамифлу. Лекот е бесплатен може да се подигне по препорака на матичните лекари, ноќната служба во Итната медицинска помош во Здравствениот дом и на Инфективното одделение при Општа болница Куманово. Мината недела била извршена превентивна дезинфекција во сите училишта од општините.  

    Ако се појават симптоми на грип ( температура, кашлица, главоболки, болки во муслкуите, солзење на очите, кивање ) граѓаните можат да се лекуваат во домашни услови со симптоматска терапија, витамини и топли напитоци. Но, доколку има влошување на состојбата веднаш треба да се упатат кај матичните лекари. Лицата кои се хронично болни со над 60 години, деца до 2 годишна возраст и бремени жени, веднаш треба да се јават кај матичниот лекар за да им биде ординирана и со антивирусна терапија. Епидемиолошкиот оддел ја следи состојбата и преку синдромското пријавување на АЛЕРТ на горни и долни респираторни инфекции кои не бележат значително зголемување во однос на минатата година- вели Стаменковска.