×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лекарски прегледи за жителите во руралните средини

    21.02.2011 11:00 | KumanovoNews

    З дравствениот дом Куманово во соработка со Министерството за здравство организира бесплатни лекарски прегледи за жителите во селата во општината Старо Нагоричане и Липково.

    Лекарски прегледи за жителите во руралните средини

    Со акцијата ќе бидат опфатени селата М`глинце, Осиче, Рамно, Буковљане, Цветишница, Длабочица, Дејловце, Аљинце, Дренак, Лукаре, Извор и други села во кои нема амбуланти.

    Се работи за претежно планински села каде пристапноста на лекарските екипи е отежнато.Акцијата за посета на руралните средини ќе трае од овој месец од крајот на мај.Екипата ќе врши лекарски прегледи и проверка на шеќер и маснотии во крвта. Истовремено ќе бидат поделени и одредени количини на лекови на жителите - вели директорот Миомир Панковски.

    Мината недела лекарската екипа ги посетила селата Гошинце и Алгуња, а до крајот на месецот ќе отидат во едно липковско, и село во козјачијата. Здравствениот дом во соработка со општините ќе ги информира жителите за посета на лекарските екипи.