Мени

Лица од Отља и Куманово поврзани со терористите од Тоде Мендол

28.10.2015 12:18 | KumanovoNews

Три лица на возраст од 35 до 41 година, едно од селото Брест, едно од Отља и едно од Куманово им пружиле логистичка поддршка на терористите од населбата Тоде Мендол.

Лица од Отља и Куманово поврзани со терористите од Тоде Мендол

Обезбедени се докази дека овие лица се поврзани со групата. Извршени се претреси во нивните домови, при што лицата не се пронајдени, а во домот во Отља најдени и одземени се 4 мобилни телефони, 3 сим картички и еден држач за сим картичка. Овие предмети ќе бидат предадени на надлежен јавен обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Лицата се осомничени за извршувањена кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.