×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛиДеМ во акција за подобрување на сообраќајната култура во градот

    25.09.2014 11:20 | KumanovoNews

    Либерално-демократската младина од Куманово денеска спроведе акција за подигање на нивото на сообраќајна култура во градот.

    ЛиДеМ во акција за подобрување на сообраќајната култура во градот

    За таа цел на возачите им беа поделени флаери во кои им се порачува да внимаваат на пешаците учесници во сообраќајот.

    "Акцијата беше спроведена во централното градско подрачје, меѓутоа најмногу се задржавме на булеварот “Октомвриска револуција“, затоа што во изминатиот период токму тука се случуваа голем број сообраќајни несреќи, од кои некои завршија и трагично. Со оваа акција сакаме да дадеме свој придонес во подигање на нивото на сообраќајната култура во нашиот град особено да се подигне совеста кај возачите да ги почитуваат пешачките премини и самите пешаци, за да се избегнат несакани сообраќајни незгоди со трагичен исход"- вели Давид Цаневски, претседател на ЛиДеМ Куманово.

    На флаерите беа отпечатени основните сообраќајни правила за предимство на минување на пешаците на коловозот и пешаќките премини, кои поголем де од возачите не ги почитуваат.

    Од ЛиДеМ се надеваат дека ќе придонесат за подобрување на сообраќајната култура во Куманово и за намалување на бројот на сообраќајни несреќи.