×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛИДЕР програмата ќе го развива регионот

    23.06.2014 13:04 | KumanovoNews

    Во Старо Нагоричане, денеска беше промовирана ЛИДЕР програмата, преку која земјоделците, фирмите и здруженијата можат да аплицираат со проекти за добивање на пари од европските фондови.

    ЛИДЕР програмата ќе го развива регионот

    Промоцијата на ЛИДЕР е дел од проектот за експанзија на мали бизниси кој го спроведуваат Центарот за развој на североисточен плански регион со УСАИД. Прво ќе се изработи стратегија, а потоа здружено ќе се аплицира за проекти за рурален развој. Општините од североисточниот регион ќе бидат поделени во два микрорегиони и тоа Куманово, Старо Нагоричане и Липково во еден регион и Кратово, Крива Паланка и Ранковце во друг микрорегион.

      - Идејата е формирање, регистрирање на локални акциони групи и обучување на луѓето. Сите оние кои се инволвирани во овие групи од страна на УСАИД ќе им биде овозможена обука, работилници и подготовка на мини проекти. Идеите за микро проектите ќе ги даваат самите учесници. Важно е дека се работи за проекти кои ќе го раздвижат руралниот  развој - рече Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

    ЛИДЕР програмата Еврпската Унија ја нуди на земјите кои што се во предпристапни преговори за влез во европската заедница.

      - Македонија сеуште не е доволно етаблирана за да ги користи тие средства пред се затоа што локалните структури сеуште не се формирани. Токму затоа УСАИД подготвува терен веќе неколку месеци во североисточниот плански регион и се надеваме дека до почетокот на следната година ќе имаме формирано две локални акциони групи во кои може да учествува апсолутно секој. Учеството е отворено и се дава огромен поттик за приватниот и невладиниот сектор да се вклучи што е можно повеќе - вели Мирјана Македонска, заменик директор на проектот.

    Пред присутните беа презентирани европските искуства со проекти од ЛИДЕР програмата.

      - Доминатно учество ќе имаат невладиниот сектор, бизнис заедницата и граѓаните. Треба да се направат проекти со кои ќе се аплицира до фондовите на државата и до европските фондови. Суштината е да се формираат локални акциони групи кои ќе имаат влијание во понатамошното имплементирање и подобрување на економската состојба на регионите, особено во руралните средини - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    На настанот присуствуваа градоначалниците од  североисточниот регион, претставници на здруженија, фармери и други.