×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Лингва плус“ слави 17-ти роденден

    15.01.2015 15:40 | KumanovoNews

    Школата за странски јазици “Лингва плус“ денеска прослави 17 години постоење и успешна работа.

    “Лингва плус“ слави 17-ти роденден

    Во текот на сите овие 17 години, кај нив поминале илјадници ученици кои изучувале различни странски јазици. Почнале со само 3 професори, а денес работат 8 професори и два надворешни соработници, чиј мајчин јазик е англискиот. По повод роденденот “Лингва плус“  нуди попуст од 20 отсто, за сите кои до 25 јануари ќе се запишат на курс кај нив.

    “Имаме курсеви за англиски, германски, француски, италијански, повремено имаме за турски, албански, и понудата ја проширивме со полски јазик. Имаме голем број на задоволни посетители и пред се тоа се должи на нашата посветеност на работата, системски пристап, индивидуална настава со што му се обрнува внимание на секој посетител било да е се тоа ученици од најмала возраст, па се до возрасни кои бараат работа во странство. Ја прилагодуваме наставата на секој ученик. Имаме пристапни цени, семејни попусти така што секој трет член од семејството добива гратис курсеви, попусти по препорака, многу изненадувања за учениците“- изјави Елизабета Костадиновска Костиќ од “Лингва плус“.

    Школата покрај курсеви за странски јазици, нуди и преведувачки услуги, помош за студенти, проверка на степен на знаење на странски јазици и издавање сертификати, викенд работилници со најмалите и тематски работилници со професори чиј мајчин јазик е англиски.

    “Гарантираме успех на секој посетител. Доколку учениците ги посетуваат часовите и ги работат потребните вежби, а на крај немаат соодветен напредок, обезбедуваме дополителни часови. Се трудиме часот да биде практичен со активност на учениците. Граматика совладуваме преку практични примери, не теоретски“ - кажа Јоана Серафимовска, професор по англиски и турски во “Лингва плус“.

    Во последно време е зголемен интересот за изучување на германски јазик, заради заминување на работа во странство.

    “Има зинтересирани од најмали дечиња, па се до возрасни вработени луѓе. Јазикот нуди можност за студирање и наоѓање работа таму. Учат, се трудат да го совладаат јазикот иако е доста тежок“ - изјави Стефанија Петковска, професор по германски јазик.

    “Лингва плус“ има простории на две локации, на улица “Трета МУБ“ спроти Рим - Париз и во населбата Перо Чичо спроти амбулантата. Можете да ги добиете на телефонските броеви 031 / 411 333, 070 535 855, 076 583 766 и 078 433 024.