×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липковец незаконски демонтирал електрично броило

    05.01.2016 12:52 | KumanovoNews

    Е.А.(39) од Липково, вработен во ЕВН незаконски демонтирал електрично броило и го поставил на куќа во селото Сопот.

    Липковец незаконски демонтирал електрично броило

    Тој во текот на 2014 година спротивно на прописите од мрежните правила и упатство за промена на мерните уреди на ЕВН, без да изготви документација демонтирал броило и го приложил како дел од постапка за нов приклучок, по што го монтирал на куќата на В.Ф.(43)  во селото Сопот. За оваа услуга вработениот во ЕВН земал 500 евра, а В.Ф. во 2014 и 2015 година ја оштетил ЕВН за сума од 76.570 денари.

    Е.А. ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување и измама, а В.Ф. за кражба.