×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково гради водовод на диво

    03.02.2012 08:14 | KumanovoNews

     Општината Липково гради водовод на диво за да може да користи вода од езерото Глажња. Иако немаат одобрение за градба, локалните власти бараат од Министерството за животна средина да им дозволи приклучок на 200 литри во секунда вода од горната брана на липковските акумулации.

    Липково гради водовод на диво

    Надлежните од Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ кои стопанисуваат со акумулациите Липково и Глажња се противат на ваквата одлука, бидејќи сметаат дека со тоа ќе се загрози снабдувањето со вода на општината Куманово и наводнувањето на земјоделското земјиште.

    Куманово зема вода од долната акумулација Липково околу 220 л/сек. Ако општината Липково се приклучи на Глажња и извлече 200 л/сек, тогаш долната брана Липково, која е помала ќе остане без вода.

    Општината Липково во 2000 година добила одобрение од Министерството за земјоделство за изградба на водовод на езерото Липково од каде требало да добива 25 л/сек. вода за пиење. Наместо по добиениот проeкт, минатата година градоначалникот Садула Дураку започнал да гради цевковод во должина од 5 километри кон Глажња за 10 пати поголем капацитет.

    Водостопанство треба да знае дека во општината Липково се наоѓаат двете брани и жителите на Општината треба да пијат од таа вода. Затоа Водостопанство не може да се однесува како господар, бидејќи и ние живееме во Република Македонија, а жителите имаат градоначалник кој се грижи за нив- изјави градоначалникот Дураку.

    Од Водостопанство не се противат Липково да добие вода, но велат дека тоа треба да се направи под услови и критериуми согласно правилници и законски регулативи кои важат во Република Македонија.

    Ние ќе сториме се да не дојде до нарушување на движењето на водите, уништување на водостопанска инфраструктура и системот за наводнување и да ги снабдиме жителите на Липково и Куманово со вода за пиење. Согласно законот управувањето со водите е под државна контрола за да не дојде до испуштање на водите за производство на електрична енергија, бидејќи таа мора да се чува за пиење, за земјоделските површини и индустријата - вели директорот на Водостопанство Филип Филиповски.

    Познавачи на приликите велат дека решението на проблемот е изградениот цевковод кон Глажња да се даде на стопанисување на Водостопанство, кое понатаму ќе упаравува со водата за двете општини. Сите други решенија само ќе направат допонителни проблем и кавга меѓу општините во однос на водоснабдувањето.