Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Големиот пожар што деновиве го зафати Липковско нанесе голема штета на ловиштата во карадачкиот регион.
Од ловечкото друштво „Фауна„ Куманово, кое е концесионер на ловиштето велат дека штетите по дивечот се големи.
И другите години имало проблеми, но не од овие размери.Во липковско има четири ловишта од кои две се со крупен и две со ситен дивеч. Ловиште број 1 е највеќе оштетено, а ние над него имаме концесија. Шумата е оштетена. Ловците нема да сакаат да одат на лов бидејќи ќе има помалку дивеч. Тие бараат уредени ловишта со зеленило како во странство, а кај нас постојано се оштетува шумата и се брка дивечот- вели Мефаил Пајазити, ловочувар во “Фауна“.
Ова друштво еднаш месечно до надлежните инспекции доставува извештај, а секоја недела се прави контрола на терен за да нема криволов. Тие додаваат дека бројот на активни ловци се намалува. Ако лани имале 150 активни членови ловци, сега имаат едвај 30.