Литургии за Бадник и Божиќ во кумановските цркви
05.01.2015 09:36
| KumanovoNews
По повод Бадник, утре во 15 часот, ќе се одржат литургии во црквите “Света Троица“ и “Свети Никола“ во Куманово.

Во среда на првиот ден од Божиќ со почеток во 8.30 часот, божествена литургија ќе се одржи во соборниот храм “Свети Никола“, каде ќе чиноначалствува митрополитот Кумановско - осоговски Јосиф. Во четврток во 8.30 часот, митрополитот ќе чиноначалствува со литургија во црквата “Свети Димитриј“ во Крива Паланка, а во петок во 8.30 часот, владиката ќе биде во црквата “Свети Јован Крстител“ во Кратово.
Верниците за празникот можат да ги посетат верските храмови, да присуствуваат на литургија и да запалат свеќи за здравје и среќа.