Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Продолжува одлевањето на стручен кадар во Кумановската општа болница. Само во последниве два месеци од болницата си заминале четири лекари специјалисти,уште неколку најавиле дека ќе си одат, а во изминатитие две години своите работни места ги напуштине 15 лекари.
Ситуацијата станува алармантана ако се земе во предвид дека од април до сега четири доктори ја напуштија болницата. Некои отидоа во пензија, некои си дадоа отказ да работат приватно и ние неможеме да го запреме нивното заминување.Го известивме и Министерството за здравство дека имаме недостаток на специјалисти и чекаме одговор да ни одобрат вработувања. Моментално ни фалат околу дваесетина лекари на гиникологијата, урологијата, педијатрија, интерното, инфективното одделение, и овој акутен проблем мора да се реши на ниво на државата - вели директорот Ариф Љатифи.
Во болницата нема ни еден ортопед, па во Болницата еднаш на неколку недели доаѓа професор од Скопје. Фалат и 4 интеренисти, 4 педијатри, 4 гинеколози, 3 психијатри, , 2 ортопеди , уролози и други лекари.
Според предвидувањата на директорот, доколку продолжи досегашното темпо на одлив на доктори, до 2014 година болница ќе остане без лекари, бидејќи ќе ја напуштат уште десетина лекари, без оние што треба да заминат во пензија. Затоа апелира до надлежните сериозно да го сфатат проблемот бидејќи болницата во Куманово како единствена државна болница, покрива над 200 илјади жители од целиот североисточен регион.