Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младиот вајар Мартин Десподовски -Чолич, на редакцијата на Кумановоњус, за петтиот роденден и подари слика со логото на порталот.
Кумановоњус прв ја промовираше мојата работа и сакав на оргинален начин да им се заблагодарам, и да го честитам малиот јубилеј. Сликата ја работев со голема посветеност и внимание без никој да знае, седум дена. Направена е од најкавилетни бои, со златна прашина, а релјефниот камен е со акрилни бои. Уште првпат кога го видов логото ми беше предизвик да го направам и да видам реално како ќе изгледа. Инаку, порталот го читам редовно и исклучиво преку него се информирам за сите случувања во градот- вели Чолич.
И нашата редакција беше пријатно изненадена од подарокот, кој ќе завземе централно место во работните простории. На Мартин му благодариме за вниманието и му посакуваме многу оргинални дела, и изложби во државата и странство.
Чолич наскоро ќе почне да изработува скулптури со полиестер со што фигурите ќе изгледаат поубаво и поцврсто.