Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицаец и тројца негови пријатели- ловџии, отстрелале срна, додека биле на лов на територијата на општината Старо Нагоричане.
Убиеното диво животно било пронајдено во возило „лада нива„, каде се первезувале О.С. (36), С.З.(36), С.С.(54) и М.С (29) вработен како полициски службеник во Гранична полиција. По предходно добиено оперативно сознание дека е извршено кривично дело „Незаконит лов“, полициските службеници од ПК Старо Нагоричане при СВР Куманово во содејство со ловочуварска служба од Ловечко душтво „ Сокол“ од Куманово го запреле возилото на местото викано Драгоманска кривина на регионалниот пат Пелинце-Куманово. При тоа ја пронашле срната, чие ловење е забрането со Законот за лов.
За инволвираноста на полицискиот службеник известен е Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ.
СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни кривични појави.