Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На парконгот спроти Зелениот пазар во Куманово наскоро ќе никне бензиска пумпа. Познатата руска нафтена компанија „Лукоил„ го купила земјиштето од Владата и работи на подготовка на теренот за изградба.
Според Генералниот урбанистички план тука е предвидена изградба на современа бензинска пумпа со катна гаража. Пумпата ќе биде на приземјето, а гаражите над неа. Нема никакви пречки на тоа место да се изгради модерна бензинска пумпа-велат од Општината.
Екипи на ЈП „Водовод„ работат на подготовка на теренот и дислокација на водоводната и канализациона мрежа.
Ова ќе биде прва бензинска пумпа на „Лукоил„ во Куманово.