×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Маја Арангеловска заштитно лице на “Bertoni-Professional“

    18.10.2012 09:24 | KumanovoNews

     Манекенката  Маја Арангеловска од модното студио “Црнокрак“ е заштитно лице на новоотворениот салон за убавина “Bertoni-Professional“.

    Маја Арангеловска заштитно лице на “Bertoni-Professional“

    Студира криминалистика на Полициска академија во Скопје, а досега се појавувала на реклама и видео спот. Таа живее во Куманово, го посетува “Bertoni-Professional“, а на жените им порачува да вложуваат во својот изглед.

    Треба да се средуваат затоа што секоја жена треба да го негува својот изглед, да не дозволи да се препушти на годините. Да се труди да изгледа што поубаво, помладо, лицето, телото, ноктите, се. На жените во Куманово им советувам да дојдат, да го посетат салонот “Bertoni-Professional“, бидејќи е прекрасно, амбиентот е многу пријатен, персоналот е услужен. Работат со квалитетна козметика и јас сум многу задоволна, дојдете и проверете - вели Арангеловска.

    Во салонот за убавина “Bertoni-Professional“ нудат третмани за лице со чоколадо, третмани за пушачи со што се вадат токсините , а лицето, зоната околу очите изгледа свежо и младо. Вработените во “Bertoni-Professional“ работат со THALGO и анеси козметика.

     Имаме и антицелулитни третмани, повеќе типови на депилација од кои шеќерната е најбарана бидејќи е безболна, нема црвенило и бавно растат влакната. Имаме столица за педикир, на која додека сте на третман плус добивате и масажа. Работиме со производи CHRISTIAN DIOR, фризерскиот дел е со REVLON, а за нокти користиме гелови PROFESSIONAIL - додава Драгана Спасовска, козметичар.

    Сопственичката Марина Бертони вели дека менаџирањето и работата на салонот е на на начин како што функционираат фирмите на Запад. За заштитното лице вели дека Маја Арангеловска ја видела на насловна страница и и предложила соработка.

    Многу се трудиме околу ентериерот, да бидат гостите задоволни, услужени, да понудиме квалитет пред се. Вака работат светски вип салони за убавина. Ваква опрема почнувајќи од четки, фенови марка “GHD“ се сретнува само во елитни салони и сме единствени од ваков тип на Балканот. Сите брендирани фирми на Запад имаат заштитно лице - вели Бертони.

    Таа објаснува дека салонот располага со апарат за лице со десет функции. За цените вели дека се пристапни и сите жени можат да си дозволат нега и убавина.