×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Мајката Храброст“ премиерно во театар Куманово

    24.11.2014 14:39 | KumanovoNews

    Претставата “Мајката Храброст“ во режија на Ѕвездана Ангеловска, во среда во 20 часот премиерно ќе игра во театар Куманово.



    “Мајката Храброст“ премиерно во театар Куманово

    Се работи за претстава која е работена по текст на Бертолд Брехт и трае час и педесет минути. Во претставата настапуваат: Кети Дончевска- Илиќ,  Владо Дојчиновски, Горан Илиќ, Јасмина Василева, Сања Русеска , Роберт Ристов,  Марко Трајковиќ и Марко Богдановски. Актерската екипа два месеци работеше на подготовка на претставата.

    “Познавачите на театарот знаат дека Бертолд Брехт е едно значајно име, односно отвара една цела нова епоха во историјата на театарот. За среќа добивме средства од Министерството за култура, и стартувавме во септември. Првите две репризи ќе бидат овој викенд, а понатаму ќе биде според интересот на публиката. Заеднички на чело со мене ја направивме адаптацијата. Во оваа адаптација постојат осум ликови, многу е интересен концептот“ - кажа режисерката.

    Во претставата Мајката Храброст ја толкува актерката Кети Дончевска Илиќ.

    “Јас лично многу го сакам Брехт. Пред две години кога правевме муабет што сакаме да работиме во кумановскиот театар, постојано нели се навраќаме на тоа нешто што се вика класика, треба да се направи. Театарот покрај тоа што има улога да забавува, треба и да едуцира. Нека не се обесхрабруваат гледачите, иако претставата трае час и педесет минути, нека дојдат има што да се види“ - вели Дончевска Илиќ.

    Актерот Горан Илиќ вели дека последниве години се труди да создаде атмосфера во самата претстава.

    “Ова е трета соработка со Ѕвезда Ангеловска. Ја знаев Ѕвезда, знаев како размислува за театарот и ми беше чудно што се нафати да го работи Брехт. Таа е повеќе почитувач на рускиот театар, бидејќи таму беше на специјализација и таму заврши режија. Што се однесува до самиот процес имаше многу креативни моменти“ - изјави Илиќ.

    Режисерката смета дека “Мајката Храброст“ заслужува да биде прикажана во повеќе театри во земјава, но и надвор од границите на Македонија.