×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонски крави заскитале во Србија

    23.12.2010 09:23 | KumanovoNews

     Необичниот инцидент се случил на 9 овој месец, додека добитокот се напасувал во граничниот појас и навлегол во туѓа територија.

    Македонски крави заскитале во Србија

    Перица Спасовски од селото Пелинце, пред две недели останал без своите крави откако ги запленила српската гранична полиција. Необичниот инцидент се случил на 9 овој месец, додека добитокот се напасувал во граничниот појас и навлегол во туѓа територија. Од тогаш се наоѓа во карантин на ветеринарна станица во селото Кленике, а деновиве може да биде продаден на лицитација. Сопственикот со сета документација, две недели безуспешно се обидува да ги врати животните и да докаже дека не се шверцувани, туку ги чувал за сопствена егзистенција.

    Очевидци на приведувањето на кравите велат дека тие се собрани од наша територија и биле протерани на другата страна.

    Ми кажуваше еден од Србите од соседното село дека ги фатиле на пасење на наша страна. Да не виделе дека тие ги одвеле нема да зневме каде се, ќе мислевме дека се изгубиле или ги нападнале волци -раскажуваат соседите на Спасовски.

    Семејството критичниот ден осумте крави и бикот ги пуштиле да пасат како и секогаш. Но тие заскитале и вечерта не можеле да ги најдат во ридот. Наредниот ден Перица заминал по селата да ги бара и луѓе ми кажале дека ги собрала српската полиција.

    Сакав да одам да си ги земам, но селаните ме предупредија дека и мене може да ме приведат. Се вратив дома и случајот го пријавив во нашата граничана полиција, каде ги однесов сите документи дека кравите се мои, а не шверцувани.  Тие ме пратија во Кленике да видам дали се таму, а потоа целата документација ја однесов во Бујановац. По неколку дена одење од врата до врата ми рекоа дека кравите мора да останат во карантин 21 ден, а потоа на 24 декември ќе одлучат дали ќе ми ги вратат или ќе ги дадат на лицитација- раскажува огорчено Спасовски.

    Досега во Општината Старо Нагоричене на македонско-српската граница немало ваков проблем со добитокот, бидејќи селаните знаеле дека со договор за гранична соработка помеѓу македонската и српската држава дозволено е во длабочина од 5 километри да влегова добитокот кој го одгледуваат жителите од пограничните села.

    До сега никој во селото немал ваков проблем и затоа незнаеме како да го решаваме.Кога веќе ги нашле кравите требало да ме повикаат и да ми кажат дека повеќе на дозволуваат добитокот да се напасува во граничниот појас. Вака случајот го третираат како шверц, а кравите на вратот носат тропатала и звончиња и можат да ги чујат од еден километар. Плус имаат маркички на ушите со броеви, а ние нема да можеме да земаме субвенции ако немаме докуметација за нив, ветеринарните инспекторите ни прават контрола по неколку пати месечно - вели Спасовски.

    Добитокот вреди над 10 илјади евра, а досега семејството останало без околу 2 тони млеко, кое кравите го изгубиле, бидејќи не се молзат во карантин. Затоа Спасовски апелираат до надлежните институции да им помогнат во решавање на проблемот, бидејќи кравите не знаат до каде е македонска територија, а тие не се виновни што живејат на граница.

    За случајот со запленетиот добиток ги известил амбасадите во Скопје и Белград, а за решавање на  проблемот било надлежно  Министерството за надворешни работи. Засега никој од овие институции не се јавил кај Спасовски да им каже до каде е работата.