„Македонски шуми“ објави оглас за огревно дрво
Јавното претпријатије „Македонски шуми“ објави повик за граѓаните кои сакаат да купат огревно и техничко дрво.

За продажба на техничко дрво на правни субјекти по основ на рамковен договор, барање за купопродажен договор за 2016 година треба да достават најдоцна до 15 февуари 2016 година. За сите правни субјекти кои немаат рамковен договор, рокот е до крајот на февруари.
Со барањето треба да се достави и тековна состојба од правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци, ДРД обрзаец од Централен регистар и заверен образец за последен исплатен личен доход по број на вработени. Да ги имаат измирено сите обврски за претходните договори и да немаат долг кон ЈП во моментот на аплицирањето - стои во соопштението од ЈП„Македонски шуми“.
За продажба на огревно дрво на правни субјекти, здруженија, синдикати и субјекти кои огревното дрво го користат во процесот на производство и за затоплување, рокот за аплицирање е до 15 февруари, а за продажба на огревно дрво на правни субјекти кои се регистрирани за промет на дрво и дрвни сортименти рокот е до крајот на март.
За физички лица, пензионери, инвалиди, социјални категории треба да се поднесат барања до 15 март.