×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонски Телеком и Т-Мобиле со донација на Црвен крст

    06.10.2010 11:35 | KumanovoNews

      Над 200 кутии со книги, играчки и облека, подарија  Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денеска на Црвениот Крст на Република Македонија, како дел од активностите за одбележување на Светската недела за кориснички услуги.

    Македонски Телеком и Т-Мобиле со донација на Црвен крст

     Хуманитарната активност на вработените во Македонски Телеком и Т- Мобиле Македонија е дел од многуте активности водени од начелата на корпоративната култура во компаниите, важечка на ниво на Дојче Телеком Групацијата. Во рамките на одбележувањето на Светската недела на кориснички услуги, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија подготвија и низа симпатични изненадувања за своите корисници. На овој начин, компаниите ја покажуваат својата грижа за задоволување на потребите и барањата на корисниците, односно напорите за беспрекорно функционирање на услугите и производите кои го носат Т брендот, велат од компанијата.

    Светската недела на кориснички услуги, секоја година ја одбележуваат илјадници компании во светот во првата седмица на месец октомври. Т-Мобиле, годинава по шести пат ја одбележува Светската недела на кориснички услуги. За прв пат, во славењето се вклучува и Македонски Телеком. Мотото на Светската недела на кориснички услуги 2010 е „Традиција на услужност“.