Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно уметничкото друштво "Панче Пешев" за илинденските празници гостуваше во Истарската жупанија на покана македонското друштво на иселеници. Посетата се реализирала како дел од програмата "Кумановско-културно лето 2010" за претставње на македонската култура.
Турнејата траеше осум дена,така што секојдневно ги презентиравме нашите македонски песни во Пула, Ровиљ, Умак, Фунтана и други места, како и одмаралиштето каде што бевме сместени Пунтижела.Со нас беше делегација од Локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој оствари неколку средби со градоначалникот на Пула и Врсак со што веруваме дека во иднина ќе воспиосават економски, спортски и други активности. Сите настапи беа убаво организирани,а најголем дел од гостите беа странци.Настапувавме во еден дел со професионални озвучувања и бини па се до импровизирани бини во хотели, но сепак на најдостоинствен начин го претставивме нашиот фолклор. Публиката беше презадоволна и изненадена од богатството на нашите песни и ора- Мирослав Крстевкси, претседател на КУД „Панче Пешев„.
Гостувањето беше посветено и на јубилејот, 15 години успешно постоење на културното уметничко друштво "Кочо Рацин" од Пула, кое беше домаќин на гостувањето на КУД Панче Пешев.