Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово на престојните локални избори на 17 октомври.
Димитриевки денеска ќе ја достави неговата кандидатура до ДИК и ќе започне со собирање на потписи, дознаваме од сигурни извори.
Кандидатурата на Димитриевски како независен кандидат за градоначалник уследи откако не доби поддршка од СДСМ за уште еден мандат.
Иако неговата матична партија се уште калкулира со името за Куманово, извесно е дека Димитриевски не е фаворит.
На престојните локални избори Димитриевки ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.