×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малиот плоштад има употребна дозвола и не треба нова по реконструкцијата, вели Димитриевски

    13.12.2024 19:35 | Оливера Пешевска

    Градоначакникот на Куманово Максим Димитриевски тврди дека не треба да се издаде употребна дозвола за малиот плоштад по неговата реконструкција, затоа што ја добил кога бил изграден.

    Малиот плоштад има употребна дозвола и не треба нова по реконструкцијата, вели Димитриевски

    „Ние не правиме нова градба ниту пак градиме нов плоштад, туку правиме санација, адаптација и делумна реконструкција и за тоа не е потребна употребна дозвола. Таа е издадена во времето на комунизмот кога е изграден во таква форма и на таков начин“, одговори градоначалникот Димитриевски на прашањето на советникот на СДСМ Александар Јовановски дали плоштадот е пуштен во употреба или не, бидејќи се поставени новогодишни украси, иако не е довршен и таму се уште има градежен шут.

    Проекот за реконструкцијата на малиот плоштад ја бранува кумановската јавност од самиот почеток. Прво не беше презентиран пред граѓаните, ниту пак се знаеше кој го изработил идејното решение. Подоцна на барање на Кумановоњуз беше обелоденето дека е донација од делчевската фирма „ГЕО КОМ“ ДООЕЛ во вредност од 1,5 милиони денари.

    Граѓаните подоцна реагираа на квалитеот на изработката од „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, а сега се прашуваат зошто нема поставено знак, дали уште се работи за градилиште или е завршено со реконструкцијата. На одредени делови на плоштадот има портокалова трака,  купишта од градежен шут и машина за сечење на плочки. Поставена е дел од предвидената урбана опрема, клупи и канти за смет, но спомениците и спомен обележјата се уште не се исчистени. Не се поставени ниту рефлектори кои би го осветлиле Споменикот на револуцијата „Македонка“, кој се наоѓа на списокот на културно наследство на Македонија.

    Димитриевски нагласи дека работите се вршат под надзор и контрола на Националниот конзерваторски центар од Скопје, но не даде одговор дале се уште се работи и кој би требало да го расчисти градежниот шут.