×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малите претпријатија во проект на УСАИД за јавни набавки

    03.06.2014 11:53 | KumanovoNews

    Со обуки и потполнување на тендерска документација УСАИД ќе им помогне на малите и микропретпријатија да се вклучат во процесот на јавни набавки со што ќе се зголеми нивната конкурентност.

    Малите претпријатија во проект на УСАИД за јавни набавки

    Проектот за пристап на микропретпријатијата до јавни набавки денеска беше промовиран во Куманово. Досега 60 претпријатија од североисточниот регион се пријавиле за учество, а се очекува да бидат опфатени околу 150 претпријатија.

        - Секоја фирма што мисли дека има производи за јавни набавки, што има до 9 вработени може да се пријави и ќе ги добие сите наши услуги бесплатно. Лани успеавме на 287 фирми да им помогнеме. Тие добија 203 тендера во вкупна вредност од 1,7 милиони евра. Некои ги купија компјутер, некои си вработија луѓе, и на некој начин закрепнаа. Крајна идеја ни е со учеството на микропретпријатијата на овој значаен пазар да ја поддржиме локалната економија особено во овој регион за кој знаете дека е најсиромашен по многу параметри, по БДП, по висина на плати, по невработеност - изјави Герман Филков, раководител на проектот на УСАИД.

    Џејмс Стаин, директорот на УСАИД Македонија вели дека со овој проект ќе помогнат во намалувањето на сиромаштијата и невработеноста.

       - Сакаме да им помогнеме на малите и микропретпријатија да се развиваат и да се прошират на глобалните пазари. Во светки рамки микропретпријатијата се најважен елемент во економијата и помагаат за намалување на сиромаштијата - рече Стаин.

    На промоцијата на проектот говореше и градоначалникот Зоран Дамјановски во својство на претседател на Советот за развој на североисточниот плански регион  кој изрази незадоволство од честите измени на Законот за јавни набавки.

      - За 5 години имаме 5 промени на законската регулатива. Ако за една година законот драстично се менува 2 пати, тоа покажува дека законите многу брзо се менуваат во поглед на условите, огласувањето и тоа влијае на апликантите. Законот пред да биде променет треба да биде пуштен на анализа - вели Дамјановски.

    Проектот досега се спроведе во 21 општина, а во наредниот период истиот ќе се реализира уште во 15 општини во земјава.