×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мало поевтинување на горивата – новите цени важат од вечерва

    07.04.2025 14:17 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, која стапува на сила од вечерва на полноќ. 

    Мало поевтинување на горивата – новите цени важат од вечерва

    Според пресметките, малопродажните цени се намалуваат за 0,5 денари по литар, во однос на минатата недела.

    Највисоките малопродажни цени на горивата ќе изнесуваат:

        ЕУРОСУПЕР БС – 95: 76,00 денари за литар

        ЕУРОСУПЕР БС – 98: 78,50 денари за литар

        ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,50 денари за литар

        Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 68,50 денари за литар

        Мазут М-1 НС: 41,025 денари за килограм

    Од РКЕ информираат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, како и стабилизацијата на курсот на денарот во однос на американскиот долар.