Малолетници претепале момче во Черкеско село
31.03.2013 15:07
| KumanovoNews
В.Л.(18) од Черкеско село, синоќа бил претепан од три малолетни лица, пред интернет кафе „Скајп“.

Инцидентот се случил околу 20.30 часот, кога Н.Ќ.(16), Н.Ќ.(16) и Б.Р. (16 ) од Куманово се нафрлиле врз момчето и му нанеле повеќе повреди по телото и главата. В.Л. бил пренесен со возило на Брза помош во Кумановската болница, од каде поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот цента Скопје. Од СВР-Куманово по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против Н.Ќ., Н.Ќ. и Б.Р..