Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест атлетичари од Србија денеска напладне пристигнаа на спомен костурницата Зебарник, откако три дена трчаа од Белград во чест на 100. годишнината од Кумановската битка.
Меѓународниот хуманитарен маратон го организираше Атлетскиот клуб Племенито срце од Белград под покровителство на претседателот на Србија Томислав Николиќ.
Учесниците на маратонот положија венци и цвеќе, а запалија и свеќи. При тоа беа врачени признанија на претставниците на Амбасадата на Србија во Скопје, Министерствата за внатрешни работи на Србија и Македонија и на локалната самоуправа Старо Нагоричане. Атлетичарите на влезот на државата на граничниот премин Пелинце ги пречека градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ и приреди прием во Општината.
На маратонот учествуваа Драган Анѓелковиќ, Драган Петровиќ, Дане Јакимовски, Ања Самарџија, Слободан Леонтијевиќ и Милисав Јанковиќ Мики.