×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mарш за поддршка на лицата со попреченост во Куманово

    03.12.2019 14:48 | KumanovoNews

    Стотина родители, деца и граѓани денеска маршираа низ кумановските улици, заради поголема поддршка на лицата со пречки во развојот, по повод 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

    Mарш за поддршка на лицата со попреченост во Куманово

     Родителите велат дека секојдневно се среќаваат со огромни проблеми, пред се` од околината, но и од належните институции во процесот на интеграција и здравствена заштита на нивните деца.

    „Најпрво се соочуваме со проблеми при прифаќањето на децата. Проблем е со прифаќањето од околината, општо од персоналот зависно од тоа во која образована институција се наоѓа детето и од останатите дечиња. Треба родителите уште од најмала возраст да ги учат дечињата дека не се сите исти, туку дека  сите се различни, но сепак сите треба да бидат исто прифатени. Од друга страна институциите се глуви за нашите потреби, логопетски и дефектолошки третмани не постојат за нашите дечиња. Се` што правиме правиме приватно со сопствени сили. Нашата финансиска ситуација ни овозможува да си го дозволиме тоа, но има многу дечиња на коишто родителите не можат да им го дозволат тоа, а сепак нивниот развој и вклученост во општеството зависи од тие тремани. Но, и за родителите е тешко затоа што и ние навистина тешко се справуваме со предизвиците, најпрво со прифаќањето на твоето дете со нетипичен развој, а потоа и како да се избориш со тоа како родител“, - вели мајка на дете со пречки во развојот.

    Таа додава дека и покрај тоа што воведувањето на образовните асистенти покажало одреден напредок, сепак тоа не е доволно, бидејќи во реалноста одделенијата се со голем број на ученици, па на децата со нетипичен развој не може да им се посвети доволно внимание.

     Маршот го организираше Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша“, социјален сервисен центар кој опстојува 13 години, а каде се сместени 21 корисник со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 годишна возраст. Се финансира со помош на Општина Куманово, проекти и донации.

    “Потребно е системско решение, потребна е поддршка од Министерството за труд и социјална политика, потребни се мали групни домови со 24 часорвна поддршка затоа што ние работиме со возрасни корисници на коишто нивните родители се веќе постари и размислуваат што ќе се случи кога нив ќе ги нема.  Она што и сите ние го имаме како задача и општествена одговорност е да изградиме систем којшто ќе ги зајакне капацитетите на сите граѓани во самата заедница, посебно на лицата со попреченост, со тоа што ќе ги искористиме нивните способности и ќе ги насочиме да станат активни граѓани во заедницата“, - рече дефектологот Фросина Симоновска.  

    Покрај Дневниот центар „Порака наша“ во Општина Куманово функционира и Центар за лица со попреченост до 18 години, кој го финансира државата, но потребата за згрижување на деца е многу поголема од нивните капацитети.