×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурантите да не се напиваат на прославите

    18.04.2014 09:55 | KumanovoNews

    Oтсекот за превенција при СВР Куманово започна кампања “Безбедни матури“, која треба да влијае на свеста на учениците да се воздржат од пиење алкохол и да не го нарушуваат јавен ред и мир за време на матурските прослави.

    Матурантите да не се напиваат на прославите

    До сите средните училишта доставено е известување, а ќе се реализираат и трибини на терен.

     Да нема недолично однесување, иако тие се полнолетни да се воздржат од конзумирање на алкохол. Многу од нив имаат и возачки дозволи, да се внимава при управување со возилата. Како возачи почетници не смеат по 23 часот сами да управуваат моторни возила. Со моторчиња како учесници во сообраќајот да имаат соодветна возачка дозвола се со цел не да им кажеме дека ќе бидат казнети, туку да им се укаже дека имаат опасност по живот за себе  и за другите. Таа еуфорија може да ги понесе во правец на агресивно возење, непочитување на сообраќајни правила и прописи што може да доведе до сериозни последици - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција.

    Матурантите ќе се едуцираат на оваа тема до 15 мај, а потоа ќе бидат опфатени и полуматурантите.