Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матурантите од Куманово точно напладне на Градкиот плоштад изведоа синхронизирано танцување „Квадрил„ на музика која се емитуваше преку радио сигнал. Околу триста матуранти од градот, облечени во црвени и бели маички заедно со уште 40 илјади матуранти од седумдесетина европски градови и оваа година беа дел од големата матурска парада.
Матурантите се задоволни од својот настап и целокупната манифестација.
Иако не сме дел од Eвопската Унија, со овој бал се почувствуавме дека сме на исто ниво со нашите врсници од евроспките држави-велат матурантите од Гимназијата.
Локалната самоуправа секоја година ја подржува манифестацијата.Градоначалникот Зоран Дамјановски ги поздрави матурантите им го честиташе полнолетството и потсети дека Куманово со овој настан ја покажа својата европска зрелост и можност да стане дел од европската мапа.
На звуците на Штраус матурантите танцуваа 5 минути во знак на нивното полнолетство. Ние како локална самоуппрва ги подржуваме нашите помлади сограѓани, и идни рамноправни учесници во општествениот живот, затоа што со нив нашите чекори се побрзи кон европското семејство. Ове е дел од културната програма на градот и убав начин да се промовира Куманово во земјите каде што денеска се танцуваше - рече градоначалникот, обраќајќи им се на матурантите.
За обуката на учениците беа задолжени професорите по физичко образование, а селекцијата беше на принцип на доброволна заинтересираност на матурантите.
Оваа година имавме најголем број на учесници. Задоволни сме настапот, бидејќи трудот се исплатеше. Матурантите дојдоа во толкав голем број и покрај тоа што овие денови беа и прославите на матурските забави - смета професорот Зоран Ивановски во гимназијата „Гоце Делчев„.