×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓу новите 6 случаи на КОВИД-19 еден вработен во градинка

    29.05.2020 12:00 | KumanovoNews

     Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на KОВИД-19, од кои шест се од Куманово. Еден од новозаболените случаи е вработен во градинка.

    Меѓу новите 6 случаи на КОВИД-19 еден вработен во градинка

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

    Останатите новозаболени се од: Скопје 26, Штип 7, Тетово 9, Струга 2, Велес 1 и Кочани 1.

    Воедно, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти: Скопје 16, Тетово 10, Велес 1, Охрид 2 и Кратово 1.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55) примена на 27 мај.

    Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на КОВИД -19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.