×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија Куманово 2015“

    24.09.2015 12:54 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ од 1 до 18 октомври ќе се одржи 18-от меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2015“.

    Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија Куманово 2015“

    На отварањето во четврток театар Скопје ќе ја изведе претставата “Нешто пропуштаме“. На 2 октомври велешкиот театар “Ј.Х.К. Џинот“ ќе ја изведе комедијата “Спанаќ со пржени компири“. На 3 октомври продукција Видик од Скопје ќе ја игра “Ни ваму, ни таму“. На 4 октомври на репертоар е Драмски театар Скопје со претставата “Чолак“.  На 7 октомври прилепскиот театар “Марко Цепенков“ ќе ја игра “Премиера во сабота“. Штипскиот театар “Ацо Шопов“ на 8 октомври ќе настапи со претставата “Лулка“. Театарот Талија од Тузла, БИХ на 9 октомври ќе се претстави со комедијата “Државен лопов“. на 10 октомври Евробалкан Институт од Приштина, Косово ќе ја изведе “Чехов му кажа збогум на Толстој“. Драмскиот куклен театар Силистра, Бугарија на 12 октомври ќе ја игра комедијата “Се бара нов сопруг“. Турскиот театар Скопје на 14 октомври ќе ја изведе претставата “Слуга на двајца господари“. На 15 октомври битолскиот театар ќе настапи со “Без паника“. На 16 октомври охридскиот театар ќе се претстави со комедијата “Детектор за лаги“. На 17 октомври албанската драма при театар Куманово ќе ја игра “Бонсерс“, а истата вечер продукцијата Видик од Белград, Србија ќе ја игра “Љубовници“. На затварањето на 18 октомври театар Куманово ќе ја изведе премиерно претставата “Идиоти“ .

    Сите претстави почнуваат во 20 часот.