Меѓународна изложба на расни кучиња на Градскиот кеј во Куманово
На спортските терени на Градскиот кеј во Куманово се одржа ЦАЦИБ изложба на расни кучиња кој од годинава има меѓународен карактер, а кучињата добиваат меѓународно признаени сертификати и дипломи.

На овогодинешната изложба за првпат се изложуваат кучиња од повеќе континенти.Едно од нив е од САД, друго од Австралија, а од Европа има излагачи од Германија, Грција, Италија, Швајцарија, Романија, Србија, Хрватска и Бугарија.
Манифестацијата е во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово и Клубот за кавкаски овчари на Македонија.
За оценување беа пријавени 205 кучиња и сите излегоа да се претстават пред судиите.
„Во последниве неколку години времето не ни идеше во прилог, изложбите ги одржувавме на дождливо време, ама еве годинава се е како треба. Подготвени сме максимално за изложбата, а имаме и сончево и убаво време. Исто така, и одѕивот е голм и тоа како меѓу излагачите , така и кај публиката од градот“, истакна Марко Митровски, претседател на друштвото „Кинолог“ од Куманово.
За најдобрите во сите класи и категории беа обезбедни пехари и пригодни награди.
Судиите-оценувачи на изложбата доаѓаат од Израел, Србија и Македонија, а делегат е претставник од Кинолошкиот сојуз на Македонија, др.ветеринар Перо Божиновски.
Генерален покровител на манифестацијата е Општина Куманово, а за организацијата на изложбата се наменети и средствата собрани од котизација на учесниците.