Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Автомобил удрил пешак, кој ја поминувал улицата на обележан пешачки премин на раскрсницата на улиците „11 Октомври„ и „Љубе Гачев„, во центарот на Куманово.
Сообраќајната незгода се случи денеска напладне, кога автомобил мерцедес 220 со кој управувал Џ.С.(52) од населбата Тоде Мендол се движел од главната улица и свртел на „Љубе Гачев„, при што удрил во Н.Ј.(66) од Черкеско село. Од ударот пешакот паднал и се повредил.
Со возило на Брза помош повредениот е пренесен во кумановската болница каде му е констатирана телесна повреда. По укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување.
Увид на лице место изврши полицијата по што ќе се утврдуваат причините за несреќата.