×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мерката „Мој ДДВ“ даде одлични резултати и ќе продолжи во наредниот период, рече Јовановиќ

    01.07.2020 11:48 | KumanovoNews

    Нашата определба и реализација на враќање пари кај граѓаните се покажа како успешен македонски концепт за развој на економијата и за подобрување на животниот стандард на граѓаните, па затоа во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваме повеќе пари кај граѓаните и компаниите, рече Мирослав Јовановиќ, кандидат за пратеник од Српската странка во коалицијата на СДСМ во Втората изборна единица.

    Мерката „Мој ДДВ“ даде одлични резултати и ќе продолжи во наредниот период, рече Јовановиќ

    „Преку проектот „Мој ДДВ“ за само 3 квартали, вратени се 10,7 милиони евра кон граѓаните, кај повеќе од 300.000 илјади корисници. Ќе го зголемиме прагот од 600 денари на 800 денари месечно, за уште повеќе пари назад кај граѓаните. Тоа се 2.400 денари за поединец во едно тримесечје, односно 9. 600 денари годишно дополнителни пари во семејниот буџет, кои граѓаните ќе ги вратат назад во домашната економија. Истовремено, продолжуваме со навремен, редовен и неселективен поврат на ДДВ и кон фирмите“, изјави Мирослав Јовановиќ.

    Тој вели дека во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваат враќање на повеќе пари кај граѓаните и компаниите, а бескомпромисна битка со сивата економија ќе продолжи позасилено во периодот што претстои.

    „Двојната улога на мерката „Мој ДДВ“ дава одлични резултати. Од една страна, повеќе пари кај граѓаните, од друга страна повеќе пари во Буџетот кои преку редистрибутивните механизми повторно се враќаат кај граѓаните или компаниите преку повисоки плати и пензии и други социјални трансфери, подобрени здравствени услуги, нови капитални инвестиции, мерки за поддршка на растот и развојот на компаниите“, додаде Јовановиќ.

    На крајот, Јовановиќ посочи дека тие се разликуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 15-ти јули, очекува граѓаните да го казнат несериозниот и неодговорен однос на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

    (Д.Давитковски)