×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

    15.01.2020 09:02 | KumanovoNews

    Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

    Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

    - Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари. Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа Владата за две и пол години е 12.000. Како за споредба, претходната власт за вкупно 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници, - соопштуваат од Владата.

    Со неколкуте измени коишто претходно беа направени на предлог на Министерството за труд и социјална политика се реши проблемот на работниците коишто со години беа оставени без никакви приходи и без работа како последица на транзицијата.