Месечно се испитува квалитетот на водата во Старо Нагоричане
20.11.2015 10:12
| KumanovoNews
Секој месец се испитува квалитетот на водата за пиење во општина Старо Нагоричане, информираат од јавното комунално претпријатије „Козјак“.

Екипи од Центарот за јавно здравје Куманово редовно земаат мостри од повеќе чешми и водоводи во општината.
Водата е чиста, исправна за пиење. Досега немало некои проблеми со квалитетот на водата. Значајно е да се каже дека во селото Младо Нагоричане се копаат бунари, ќе се гради водовод - рече Борко Соколовиќ, директор на „Козјак“.
Соколовиќ вели дека новиот водовод најверојатно напролет ќе биде пуштен во употреба.