Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вкупно 35 месни самоуправи во Куманово за месец иполовина ќе почнат со избор на нови раководства, бидејќи на старите из заврши мандатот.
Нови раководства ќе бираат жителите на Довезенце, Живиње, Габреш, Колитско, Шупли Камен, Карабичане, Кучкарево, Кутлибег, Речица, Муграш, Средорек, Пчиња, Орашац, Табановце, Биљановце и други.
Изборот го прават граѓаните во присуство на најмалку еден член од локална самоуправа односно на Комисија за месна самоуправа. Малите села бираат раководство од три члена, оние села до 2000 луѓе бираат пет члена, а селата со над 2000 жители избираат седумчлено раководство. Нивниот мандат трае четири години - вели Зоран Петровски, виш соработник за месна самоуправа.
Раководствата се должни да ги решаваат прашања од комуналната сфера, проблемите со јавниот превоз, да бараат изградба на објекти од јавен интерес и слично.
Во Куманово остануваат уште 31 месна самоуправа со раководство чиј мандат сеуште трае.