Мени

Мицкоски најави изградба на шопинг центар во Куманово

29.05.2026 15:35 | KumanovoNews

Изградба на шопинг центар на северната граница, на територијата на општина Куманово, сличен на  „Мега шопинг парк“ во Гевгелија, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави изградба на шопинг центар во Куманово

Тој истакна дека Владата ќе стори сѐ за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката за реализација на инвестицијата.

„Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби и нешто помал објект на северната граница, во општина Куманово. Ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ, во рамки на законите и Уставот, да помогнеме, да го преземеме институционалниот ризик и да ги забрзаме процедурите, со цел да се изградат што повеќе вакви објекти. Како држава имаме интерес, бидејќи низ Коридорот 10 годишно транзитираат најмалку 10 милиони патници. Тоа ќе претставува додадена вредност за македонската економија. Ако само 10 проценти од нив застанат и одлучат да пазаруваат, тоа ќе значи приходи преку ДДВ и други давачки, нови вработувања и поголема економска активност“, истакна Мицкоски.

Во Гевгелија денеска беше отворен трговскиот центар „Мега шопинг парк“, инвестиција на грчки бизнисмен.

(Фото: „Мега шопинг парк“)