Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и амбасадорот на Словенија Алан Бергант,по повод Меѓународниот ден на лицата со пречки во развој,го посетија Советувалишниот центар за деца со посебни потреби, млади и родители, што се наоѓа во дворот на некогашниот работнички универзитет Професор Мијалковиќ.
На корисниците на советувалиштето им беа доделени новогодишни пакети, донација од словенечки Туш.
Денeска сме присутни во советувлаиштето, коe работи со подршка на невладиниот сектор од Македонија и со голема подршка на амбасадата на Словенија. Тие изразија желба да дојдат тука и да поделат подароци наа децата со посебни потреби. Мене ми е причинува големо задоволство што сум тука, да им дадам подршка и да изразам благодарност што ја овозможија оваа донација и им посветија внимание на овие дечиња-изјави министерот Бајрами.
Покрај советувалиштетото во Куманово со помош од Словенија работат уште две во Чаир и во Тетово. Словенечкиот амбасадор при денешната посета, вети дека соработката ќе продолжи и наредната година.
Јас сум среќен што можеме да помогнеме на овие советувалишта и што се најде донатори.Маркетот Туш додели пакети за да можеме да ги развеселиме децата пред Нова Година.На почетокот на ноември бевме гости центарот во Чаир-Скопје и заедно со децата го празнувавме Бајрам, а денеска во Куманово имаме новогодишно расположение и се веселиме заедно - рече амбсадорот Бергант.
Инаку советувалиштето во Куманово го посетуваат околу 40 деца со посебни потреби два пати во текот на неделата, а со нив работи стручен тим.