×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерката Тренчевска донираше инклузивни сликовници на градинката Ангел Шајче

    19.12.2022 13:58 | Жаклина Цветковска

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, при денешната посета на  објектот „Пчелка“ на  градинката  „Ангел Шајче“  од Куманово,  донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“.

    Министерката Тренчевска  донираше инклузивни сликовници на градинката Ангел Шајче

    Притоа, Тренчевска ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата.

    „Заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на пристап за секое дете во градинките се големи. Инклузивната средина и можноста секое дете да има пристап до едукативни материјали го поддржува развојот на детето и неговата полесна интеграција во социјалната средина“, вели Тренчевска.

    Таа посочува  дека секоја градинка е место за секое дете и дека тоа ќе продолжи да биде позитивната пракса и во новите градинки кои се во план да се изградат во 2023 година.

    Во рамките на посетата на  Тренчевска  беше одиграна предновогодишна претстава од страна на Снежана Конеска – Руси, која преку уметност им ги долови придобивките на инклузивните сликовници на децата и ја објасни нивната намена.