Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја пофали работата на кумановската полиција по воведувањето на позорникарската служба и назначувањето на новото раководство.
По денешната посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, таа истакна дека новата реорганизација што се спроведе пред два месеци ги дала очекуваните резултати и ја подобрила безбедноста во градот.
Со задоволство можам да констатирам дека одредени промени во начинот на функционирање на Секторот на униформираната полиција на подрачјето на Куманово даваат позитивни резултати, најмногу во јавниот ред и мир, каде што имаме подобрување на состојбите. Откако дојде новиот началник направена е реорганизација, повлекување на повеќе униформирани полицајци од полициски станици заради зголемено присуство меѓу граѓаните. Евидентно е дека ова дава поголеми резултати, бидејќи статистичките податоци тоа го потврдуваат- изјави министерката.
Во Куманово позорникарската служба беше формирана во јануари, откако ги распуштија Алфите, па се се зголеми присуството на полицајците меѓу граѓаните.