×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Чулев на панихида за загинатите полицајци во Диво Насеље

    09.05.2020 13:29 | KumanovoNews

     Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес присуствуваше на панихида која се одржа во црквата Св. Никола во Куманово, по повод петгодишнината од загинувањето на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи во трагичниот настан кај Диво Насеље кај Куманово.

    Министерот Чулев на панихида за загинатите полицајци во Диво Насеље

    „Најпрво сакам како министер за внатрешни работи и како граѓанин да изразам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите припадници кои на денешен ден пред пет години ги положија своите животи во одбрана на уставниот поредок, мирот и сигурноста на сите граѓани“, истакна Министерот Чулев по завршување на панихидата во Куманово.

    Тој додаде дека несреќниот настан кој се случи во Куманово е без дилема еден страшен потсетник за реалноста од терористички закани и предизвици, за заедничката граѓанска осуда на таквото безумие, но уште повеќе за храброста и пожртвуваноста на припадниците на македонската полиција да го зачуваат нашиот мир и безбедноста нежалејќи ги своите животи.