Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја посети текстилната фабрика Босут во Куманово.
Оваа компанија со мерките за вработување вработила сто работници. Некои од нив биле прво на пракса, по што се вработиле. Спасов најави дека и понатаму ќе го поддржуваат бизнис секторот и дека во тек се четири мерки за вработување.
Се работи за мерката самовработување со кредитирање за невработени лица и кредитирање за отворање на нови работни места. Станува збор за навистина поволни кредитни линии кои што се реализираат преку Македонска банка за поддршка на развојот, меѓутоа и преку неколку банки. АВРМ објавува на месечно ниво вакви повици, при што секое невработено лице кое има бизнис идеја и сака да добие средства кои се навистина поволни со само 1 процент каматна стапка со грејс период од 1 година, со рок на враќање од 3 до 5 години во зависност од категорииите и средства кои можат да се повлечат преку оваа линија за самовработување од 3.000 до 5000 до 7000 евра за лицето кое ќе се самовработи и плус 3000-4000 евра за секое ново работно место - изјави Спасов.
Спасов вели дека со овие мерки се отворени голем број на работни места во последниве години. Апелираше заинтересираните да се обратат за детални информации во АВРМ.
Преку серија на посети сакаме да апелираме до младите да изберат вистинско образование, од кое што има потреба на пазарот на трудот и во иднина нема да бидат невработени. Од првиот ден на завршување на образованието, ако добро ја поминат праксата ќе бидат вработени - рече Влатко Поповски, директор на АВРМ.
Сопственикот на Босут, Драган Стефановски вели дека мерките за вработување се добредојдени за стопанството во Македонија.
Ние постоиме 8 години и за 8 години сме користеле повеќе видови на мерки, како што кажа и министерот имаме преку стои млади луѓе во нашата компанија кои се сега основни носители на дејноста која ја работиме - рече Стефановски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски вели дека во Куманово нема странски инвестиции, но се гордеат со домашните стопанственици кои се столб на економијата.
Со сите можности со кои Владата може да им помогне на стопанственици да економскиот развој им биде уште поголем , ќе настојуваме со сите наши можности да излеземе во пресрет за да стапката на невработерност ја намалиме за некој процент - изјави Ѓорѓиевски.
Во Босут работат скоро 300 текстилни работници. Министерот Спасов посетата ја продолжи во липковско.