×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за култура ќе поддржи бројни културни настани во Куманово

    18.01.2016 10:24 | KumanovoNews

    Министерството за култура оваа година финансиски ќе поддржи изложби, концерти, археолошки ископувања, издавачка дејност, ансамбли од Куманово и други културни настани кои се влезени во програмата за 2016 година.

    Министерството за култура ќе поддржи бројни културни настани во Куманово

    Од издавачка дејност поддржан е проектот на  Музеј Kуманово „Kокино“ од  Јовица Станковски и Марија Ѕамалис, како и здружението Јехона е карадакут - Kуманово со „Kон жиците на времето“ од Севдаиљ Демири и Карадачки поетски средби.

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе ги реализира „Бегај еве ја жена ти 2“ - автор Реј Kуни, aдаптација и режија Kоле Ангеловски,  „Ревизор“ - автор Гогољ, режија Андреј Цветановски, „Учење“  автор Ежен Јонеско, режија Илирјан Химај (на албански јазик), „Вообразениот болен“ - автор Жан Батист Молиер, режија

    Бен Аполони (на албански јазик) и Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“. Ќе се одржат концерт на триото Татијана Петрушевска, Игор Бакревски и Марјан Милошевски, Вечер со музиката на Трајко Прокопиев - патронат и концерт на Дуња Иванова „Музиката за пијано на Ричи Са-камото. Средства се предвидени и за тековно работење на ансамбал „Тоска“ како и промоција на тековна книжна продукција. Планирани се и проектите „Од очите на ангелот“, изложба на слики на дрво од Новица Трајковски, изложба на графики од Мила Трендафиловска, меѓународна изложба на уметничка фотографија

    „Kуманово 2016“, изложба на Данчо Ордев „Минливи секвенци“, изложба на Маја Јаќимовска „Импресии“, изложба на Марија Величковска, изложба на фотографии од Стефан Шашков (преземање од ЦK Струмица), инсталација „Lost memory-Memory lost" и скулптури на Пандора Апостоловска-Саздовска и Сашо Саздовски.

    Изложба на портрети од Агрон Салиу (преземање од УГ Тетово), изложба на графики од Ана Јовановска (преземање од ФЛУСкопје), „Kоса“, изложба на Биљана Kајевиќ„Ф7“, клупска изложба на фотографии и заедничка изложба на Илија Kостов и Чарлс ван Гисберген.

    KАЦ „Талиа“ од Kуманово е во програма со проектот  „Во потрага по излез“ - автор Албатрос Реџај, режија Нехат Мемети (на албански јазик), а здружение „Ултра“ од Kуманово со „Утопија“ - автор Енда Волш, режија Ќазмедин Нуредини

    (на албански јазик).

    Здружението ,,Недела на албанската култура"  Kуманово ќе го реализира настанот „Добредојдовте иселеници.

    КУД „Панче Пешев“ - Kуманово ќе добие поддршка за одбележување на јубилејот 90 години постоење и уметничко творење, набавка на музички инструменти и техничка опрема.

    КУД „Српски вез“ - Kуманово ќе реализира целовечерен концерт „Народни песни и игри од Р.Македонија и Р.Србија “, изработка и набавка на детски и возрасни стилизирани народни носии од шумадинскиот регион - централна Србија и за одбележување на Ѓурѓовден - традиција и обичаи.

    Ансамбл „Рушит Шакир“ - Kуманово е застапен со Фестивал на лимено-дувачки инструменти „Рома труба-фест“" и Фондација за култура и спорт „Kуманово“ со

    Меѓународен тамбурашки фестивал „Kуманово 2016“.

    На Музеј Куманово му се одобрени проектите за реновирање и обноновување на постојаната поставка во Спомен-куќата на Христијан Тодоровски-Kарпош, Првата седница на Президиумот на АСНОМ во с. Рамно (истражувачка дејност), археолошки истражувања на локалитетот Kостоперска Kарпа, с. Младо Нагоричане, археолошки истражувања на локалитетот Црквиште, с.

    Kлечовце, иконописното творештво на Петар Николов во кумановско, проект за конзервација и реставрација на иконите од депото на црквата Св. Никола во Kуманово, конзервација на археолошки материјал од керамика во

    археолошкиот локалитет Kокино, Мотивите - белег на традиционалната народна кумановска носија изложба. Остануваат колонијата „Kуманово 2016“, изложба на дела од ликовната колонија „Kуманово 2016“, самостојна изложба на Стефан Јакимовски и Кумановски ликовни уметници. За 40 години ликовна колонија Куманово ќе има изложба во Париз, франција. Презентација и промоција на проектот „Развој на микрорегионот околу Kостоперска Kарпа низ историјата“ ќе има во Велика Британија.

    Од самостојните проекти поддржана е изложбата „Идентитети“ на Страхил Петровски и Јаготка Томовска од Kуманово со „Gagyoshi Art Project International“ - групна изложба во Скопје и во Kуманов.

    КУД„Бајрам Шабани“ ќе учествува на Балкански фестивал во Турција.