×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за култура одобри пари за проекти на здруженија и поединци во Куманово

    17.02.2020 10:03 | KumanovoNews

     Министерството за култура ги објави резулатите од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области.

    Министерството за култура одобри пари за проекти на здруженија и поединци во Куманово

    Според објавените резултати од драмската дејност, во Куманово прифатени се шест проекти, четири на здруженија и две на поединци.  Пет на албански и една на македонски јазик.

    Најголема поддршка добиле Културно едукативно здружение „Антитеза“ Куманово, 300.000 денари за претставата „Зоо приказни“, адаптација според авторот Едвард Олви, режија Муса Исуфи и Здружението за развој, унапредување и афирмација на театарот „Ултра“ од Куманово, исто така со 300.000 денари за претставата „Комедија за грабеж на банка“, текст Хендри Шилдс, Хенри Луис и Џонатан Сајер, адаптација и режија Ќазмедин Нуредини.

    Здружение „Флумато“ од Куманово, за претставата „Договор“ од Славомир Мрожек, Режија Мендим Муртези доби 250.000 денара, додека за истата претстава  „Договор“, автор Славомир Мрожек, режија Нехат Мемети, здружение Креативно артистички центар „Талиа“, 200.000 денари.

    Владанка Димковска за претставата „Хеда Габлер“ според Хенкир Ибзен и Патрик Марбер, во режија на Ѓорѓи Ризевски, доби 200.000 денари.

    На Фатон Ибрахими , за претставата „Патување“, драматург Арта Селмани, режија Фатон Инрахими му се одобрени 150.000 денари.

    Во интердициплонарни проекти - Културно едукативно здружение „Антитеза“ Куманово, за проектот Културно дигитален проект - „Антитеза“ доби 250.000 денари.

    Финансирани ќе бидат и повеќе проекти за визуелни уметности, архитектура и дизајн: Фото кино клуб „Козјак“ со 25.000 денари, за 14- Интернационален фото салон Куманово, додека Фото клуб „Куманово“ 25.000 денари за изложба „Стори 2010“, Емира Имери за мода и акцесоари доби 65.000 денари, Тасим Кадрија од с. Слупчане за проектот „Кога сонцето се насмевнува“ 60.000 денари, Тамара Антевска- Бајдевска, за проектот „Denied“ 30.000 денари, Страхил Петровски за „Живот“ експериментален видео запис 50.000 денари и Гоце Божурски за „ШкрабАрт“ 90.000 денари.  

    За литературна и издавачка дејност поддршка има и ДПТУ „Агорапринт“ за проектот „Крстопат“ од Рамадан Реџепи во висина од 120.000 денари, Здружението Јехона Карадару, за три книги  на Селјадин Шабани, Севдаил Демири и Сунај Раими доделени се 250.000 денари, „Антитеза“ Куманово за „Песок во песница“ на Алма Браја 120.000 денари и  „Диплома“ на Елизабета Гоцкај 120.000 денари, Јехона е Карадаку  од Куманово, за изадавање на списание  110.000 денари и  Јехона е Карадаку за поетска вечер 200.000 денари.

    КУД „Панче Пешев“ за учество на меѓународен фолклорен фестивал во Северен Кипар 220.000 денари, Страхил Петровски за реализација на изложбата „Конекции“ во Берлин  80.000 денари.

    За музичко сценска дејност  Здружението за наука уметност, култура и спорт, за Џез фестивалот Куманово ќе добие 600.000 денари, Здружението на уметници и музичари ХА&EM Куманово, за Детскиот фестивал Пеперутки ќе добие 250.000 денари, Здружение Недела на албанска култура Куманово за преокт Добредојдовте иселеници 120.000 денари.  Културно едукативно здружение „Антитеза“ Куманово, за концерт Дуо пијано вилола доби 220.000 денари.  

    За фолклорни проекти  КУД „Бајрам Шабани“ за 75 годишен концерт доби 200.000 денари, КУД „Српски вез“ 100.000 денари за меѓународен фестивал, КУД „Панче Пешев“ за Вториот меѓународен фолклорен фестивал 400.000 денари, Фондација за култура и спорт за организација на фолклорен фестивал 200.000 денари, Ансамбл за народни ромски игри и песни Рушит Шакир, за фолклорен фестивал 220.000 денари.

    Сеуште не се објавени резултатите од конкурсот за национални установи: центри за култура, музеите и театрите.