×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за одбрана објави оглас за вработување на 125 професионални војници

    15.11.2019 06:28 | KumanovoNews

    Министерството за одбрана, распиша конкурс за прием на 125  професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

    Министерството за одбрана објави оглас за вработување на 125 професионални војници

    Конкурсот е распишан за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 години со можност за негово продолжување повеќе пати, најмногу до навршување на 45 години возраст, по што им продолжува работниот однос со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи согласно законот.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност, како и посебните услови: да имаат завршено средно образование, да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

    Исто така кандидатите ќе подлежат и на тестови за проверка на физичката подготвеност.

    Јавниот оглас трае 15 дена од денот на распишувањето, а подетални информации заинтересираните кандидати можат да  најдат на официјалната страна на  Министерството  за одбрана.