Мира Шкориќ за Стара нова година во Лав
09.01.2010 14:36
| KumanovoNews
Дочекот на православната Нова година ќе се одржи во хотелот Лав. Гостите ќе ги забавува познатата српска пејачка Мира Шкориќ.
Обединетата српска заедница - регионален одбор Куманово по деветнаесети пат ја организира традиционалната Српска вечер.
Дочекот на православната Нова година и Српската вечер ќе се одржи во хотелот Лав. Гостите ќе ги забавува познатата српска пејачка Мира Шкориќ. Цената на еден билет изнесува 1000 денари во која се вклучени свечената вечера и пиењето - вели Добривоје Стошиќ.
Информации за манифестацијата и карти, граѓаните можат да добијат во просториите на Обединетата српска заедница на улицата Доне Божинов во поранешната зграда на Силекс.