Мирослав Славковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за градоначалник на Старо Нагоричане во првиот круг
Кандидатот за градоначалник на Старо Нагоричане од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Славковски, победи во првиот круг на Локалните избори со освоени 961 гласови.

Далибор Трајковски од коалицијата на СДСМ доби 563 гласа, Власте Димковиќ од Српска странка 220 и Андреј Димитриевски од Левица 120 гласови.
И на советничките листи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има најголема поддрша и освои 588 гласови, коалицијата на СДСМ 480, Движење ЗНАМ 173, Српска странка 171, Единствена Македонија 169, група избирачи Далибор Серафимовиќ 139, Левица 72 и група избирачи Зоран Петковски 67.
Во новиот состав на Советот ВМРО-ДПМНЕ и СДСМќе имаат по тројца советници, а по еден ЗНАМ, Единствена Македонија и Српска странка.
1. Иван Марковиќ ( Коалиија СДСМ)
2. Сашка Крстевска-Павловска ( Коалиција СДСМ)
3. Никола Новевски ( Коалициа СДСМ)
4. Ивица Димковски ( Коалиија ВМРО - ДПМНЕ)
5. Драган Спасиќ ( Коалиција ВМРО - ДПМНЕ)
6. Сузана Димковиќ ( Коалиција ВМРО - ДПМНЕ)
7. Милош Стојмановски ( ЗНАМ)
8. Саша Андоновски ( Единствена Македонија)
9. Дејан Јовчиќ (Српска странка)
Во Старо Нагоричане, право на глас имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места.