Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец ја нападнал сопругата со нож затоа што се сомневал дека го изневерува.
Инцидентот се случил вчера во 17 часот, во куќа на ул. Народна Револуција во Куманово, кога без посебна причина Ф.З.(28) се скарал со сопругата Л.З.(26), а потоа земал куински нож со кој ја пробол во градите и ја расекол ушната школка.
Повредената жена е пренесена во болница каде и се санирани повредите и се наоѓа вон животна опасност.
Ф.З. откако видел што направил побегнал од дома, а полицијата го пронашла и привела.
Родителите на жената, која се породила пред 20 дена, денеска дошле да ја водат дома.
Ја малтретираше постојано откако ќе се напиеше. Кога ќе се помешаат ракија и дрога тој незнаеше што прави. Имаат две деца едно 2 години, а второто 20 дена. Му викам ако не ти е жал за моето дете, мисли барем за твоите. Ама тој не не слуша, па затоа ќе си ја водиме дома не ја оставаме повеќе да живее со него- раскажува потресено таткото.
Анализата на крвата покажала дека Ф.З. не бил во алкохолизирана состојба, додека резултатот од присуство на наркотици не е стигнат.
Неофицијално, несогласувањата помеѓу младите сопружници биле поради тоа што и двајцата се сомневале во неверство на другиот.
Ф.З. ќе одговара за кривично дело убиство во обид.