×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Митковска најави нови детски градинки во населбите „Тоде Мандол“ и „Перо Чичо“

    12.10.2021 19:09 | Жаклина Цветковска

    Предвидуваме изградба на две нови детски градинки во населбите „Тоде Мендол„ и „Перо Чичо„, со што на нашите најмали сограѓани ќе им обезбедиме правилен раст и развој со изградба на современи објекти, согласно највисоките европски стандарди, изградени со енергетски ефикасни и еколошки прифатливи материјали, вети Марина Митковска, кандидат за член на Советот на Општина Куманово од СДСМ.

    Митковска најави нови детски градинки во населбите „Тоде Мандол“ и „Перо Чичо“

    Одлуката, вели, е донесена по детално спроведени истражувања за тоа каде има најголема потреба од градинки и веќе е дел од програмата „Најдоброто за Куманово“, со цел да се решат овие сериозни проблеми на родителите.

    „Често можеме да слушнеме дека во нашите градинки нема доволен број на места за згрижување на сите деца и дека се потребни ургенции за запишување. Ова претставува позитивен проблем, затоа што покажува дека Куманово е просперитетен град во кој има многу повеќе деца отколку што има места во градинките, што пак наведува дека Куманово и во иднинакако град ќе расте и ќе се развива и се повеќе ќе станува град на млади“, рече Митковска на прес конференција.

    Според неа, целта на СДСМ е за четири години целосно да се реши проблемот со недостиг на
    места во градинките и на најмалите да им се обезбеди соодветни услови за згрижување и
    социјализација.